• Mon. May 20th, 2024

Струмичката гимназија го одбележа патрониот празник. Учениците и професорите направија неверојатен спектакл кој долго ќе се памети

ByDimitar Micev

Apr 24, 2018

Струмичката гимназија синоќа го одбележа својот патрон празник. Преполната сала беше уште еден доказ за успешните изведби и концерти на оваа училиште. Од македонски евергрин до поп, рап, рок, на македонски, англиски, француски, германски, струмичани уживаа во спектаклот што го приреридија учениците и професорите од СОУ „Јане Сандански“. Во текот на подготовките, директорката Невенка Стојанова рече дека се радува што годинава учениците и професорите заедно ќе застанат на сцена и ќе бидат во улога на пејачи.

Ученици, професори и наставници во пензија се сплотија и направија спектакуларно шоу кое долго ќе се памети. Катерина Хаџиеленова како бивши наставник по француски јазик, пееше на француски, а публиката уживаше во нејзината изведба.

Синоќешната прередба беше збогатена и со една интересна претстава, каде професорите го глумеа однесувањето на нивните ученици за време на наставата. Активностите за патрониот празник на училиштетото „Јане Сандански“ ќе завршат во сабота, кога ќе се одржи премиерата „Трошки надеж“ во сценарио и режија на средношколците од оваа училиште.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *