Спорт

Струмичани и струмичанки пресилни!

Елена Биџева и Душан Костуранов се покажаа како најуспешни претставници од карате клубот „Сихан“ од Струмица на интернационалниот карате турнир „Гази Баба Опен 2016“ кој се одржа во Скопје на 2-ри Април. 18 годишната Елена Баџиева беше најдобра во женска категорија до 55 килограми а Душан Костуранов во машка категорија до 68 килограми, и двајцата освоија златен медал. На истиот турнир учествуваа и 10 годишните Невена Малинова и Александра Стојанова и 11 годишната Снежана Пеливанова, исто така претставници на карате клубот „Сихан“ од Струмица.

Препорачуваме:

Одбојкарките на „Наковски волеј“ станаа државни шампионки во младинска конкуренција

Сузана Мицева

Ѓоковиќ стави потпис на македонското знаме по победата против Фриц во Њујорк

Ѓ. K.

Синоќа во Куклиш заврши Меморијалниот турнир во мал фудбал „Јоже Хаџиевски 2023“

Ѓ. K.