• Fri. May 17th, 2024

Струмичанец купувал марихуана од радовишанец, уапсени се и двајцата

ByЃ. K.

Dec 23, 2023

На 21.12.2023 полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода И.С. (26) од струмичко. При преглед на патничко возило „ауди“ со кратовски регистарски ознаки, управувано од негова страна, била пронајдена марихуана. И.С. бил задржан во Полициската станица Радовиш и во службениот разговор извршен со него изјавил дека марихуаната ја набавил од Р.О. од Радовиш.

By Ѓ. K.