• Sun. May 19th, 2024

Струмичанецот Димитар Пандев ја освојува Евро лигата во кошарка за млади

Струмичанецот Димитар Пандев со Луксембуршката Баскетбол Академија го освои првиот турнир од младинската Евро лига. Во ова натпреварување учестуваат 16 екипи од повеќе држави а ЛББА предводени од српскиот тренер Дарко Ристиќ успеа да направи изненадување и да забележат пет победи против тимови од Латвија Унгари ја Полска Русија Шведска .

10636190_950365821663595_6788270303546650783_n

Тимот на 17 годишниот Пандев кој веќе втора година е во Луксембург се наога во групата Д која на турнирот во Латвија вкрстуваше со екипите од групата Б. До Фајнл форот закажан во април идната година, тимот на Пандев треба да се сретне и со тимовите и од останатите групи и тоа на турнир во Белорусија закажан во Ноември и турнир во Русија закажан во Февруари.

12002181_500126053479130_2677289086445070763_n

Најдобрите 4 тимови од турнирите ке разигруваат за европски младински првак. Димитар Пандев кој настапуваше на сите натпревари во Латвија во просек има по 10 поени, 8 скока. Во групата е прогласен за најдобар блокер. Младиот Димитар, кој потекнува од спортското семејство Пандеви, својата кариера ја започна во тимовите од Струмица за да две години ги брани боите на Јуниор во Скопје од каде замина за Луксембург.

10671263_923620274338150_2246373394359514267_n

Паралелно тој е член и на македонската кошаркараска репрезентација до 18 години

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *