• Tue. May 14th, 2024

Струмица меѓу најдобрите општини по отвореност на буџетските процеси

ByЃ. K.

Nov 9, 2023

Транспарентен, отчетен, отворен и правичен е буџетот на Струмица.

Така покажало истражувањето на Здружението за истражувања и анализи ЗМАИ преку Индексот за отворени општини.

„Транспарентното работење беше мое предизборно ветување, реалност во досегашниот мандат и завет од кој никогаш нема да се откажам се додека им служам на моите струмичани и мојата Струмица“, истакна градоначалникот Костадинов.

Според него, ова е факт којшто неизмерно радува и обврзува за уште повеќе работа и поголеми успеси.

By Ѓ. K.