• Mon. May 13th, 2024

Струмица и Лесковац од Србија ќе бидат збратимени градови

ByЃ. K.

Mar 15, 2024

Струмица од денеска го прошири семејството на збратимени градови за уште еден прекрасен град – Лесковац од Србија.

„Почитувајќи ја досегашната соработка, а водени од желбата за зајакнување на пријателските односи меѓу граѓанките и граѓаните на Струмица и Лесковац, градоначалникот на Општина Струмица потпиша Меморандум за збратимување со градоначалникот на Лесковац Горан Цветановиќ.

„Како градови економски лидери во своите земји, имаме потенцијали и можности за соработка во сите области и на најдобар начин ќе го искористиме. Нека ни е со среќа збратимувањето, да ни биде вечна и успешна соработката и да носи благодет за граѓанките и граѓаните на Струмица и Лесковац“, истакна градоначалникот Костадинов.

By Ѓ. K.