• Sat. May 18th, 2024

Струмица во Куманово по првата пријателска победа

Кошаркарите на Струмица и Куманово ќе одиграт контролен пријателски натпревар како дел од подготовките за  новата првенствена сезона чии старт сеуште е непознат. Станува збор за два клуба кои имат одлична соработка а дуелите на тимовите на терен секогаш предизвикувале интерес. За Струмица ова ќе биде четврта контролка и полека ја темпира формата пред првенството додека пак за Куманово ова ќе биде одлична можност да корегира одредени недостатоци бидејки настапува во регионалната БИБЛ лига

Кошаркарите на Струмица пред една недела покажаа одлична партија против Кожув на домашен терен, но сеуште немат победа во ,,контролките,,.  Според информациите стручниот штаб предводен од Зетов и Настев, можност да заиграт против кумановчани ќе им биде дадена на сите кошаркари но сепак најголемиот товар се очекува да падне на Богоев, Макенаџиев , Јокич, Станковиќ, Бешовиќ, Димчевски и американецот Џонсон

Дуелот мегу КК Струмица и КК Куманово е закажан во петок (28.10) во  18 часот во Куманово

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *