• Mon. May 20th, 2024

Стотици деца и тинејџери на промоцијата на книгата на јутјуберите во Струмица

Со часови траеше средбата на јутјуберите Стефонатор (Стефан Рашковиќ) и Џи Пи (Марко Марковиќ) во центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица. Познатите јутјубери се фотографираа, потпишуваа книги или едноставно делеа автограми на стотиците деца и тинејџери кои секојдневно ги следат нивните активности на јутјуб. Младите струмичани трпеливо чекаа ред за своите минути со јутјуберите, а дружењето кое почна точно напладне заврши во доцните попладневни часови.

Повод за посетата на Струмица беше промоција на нивната прва книга „Нашиот пат“ која неодамна ја издаде „Просветно дело“.

Стефонатор и Џи Пи се дел од поширок социјален феномен што го зафати целиот свет. Во моментов јутјуберите во светот уживаат огромна популарност и шират нова социјална култура кај најмладата публика на интернет. Имаат од повеќе стотици илјади па до неколку милиони следбеници на јутјуб и сериозно влијание кај своите фанови. Нивните видеа се со најразлични содржини и на повеќе теми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *