• Fri. May 17th, 2024

Стотина учесници на онлајн дебатата „Дигиталната писменост – неопходни вештини за онлајн настава“

Стотина учесници учествуваа во онлајн дебатата „Дигиталната писменост – неопходни вештини за онлајн настава“ што денеска ја организираа Институтот за комуникациски студии и Делегацијата на Европската Унија. 

Овој е завршен настан oд средношколскиот конкурс „Биди медиумски активен/на“ со кој се одбележува Европската недела на медиумска писменост 2020. Директорката на Институтот за комуникациски студии, Жанета Трајкоска, во воведниот говор рече дека се изненадени од огромниот интерес на младите за конкурсот, со оглед дека имало повеќе од 60 апликации од дваесетина средни училишта во државата и триесетина медиуми. Ова според Трајкоска е доказ дека младите имаат теми за кои сакаат да зборуваат и нивниот глас и мислење да се слушнат. 

На настанот учествуваше и евроамбасадорот во земјава, Самуел Жбогар, министерот за образование и наука, Арбер Адеми, професори, новинари и ученици – средношколци кои учествуваа во проектот но и гости на дебатата. 

Тв канал ВИС се приклучи во одбележувањето на Европската недела на медиумска писменост заедно со ИКС, а во проектот „Биди медиумски активен“ соработуваше со средношколците од СОУ „Богданци“ од Богданци и нивниот ментор Ивана Димовска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *