• Mon. May 13th, 2024

Стопанството бара државата да почне кампања за купување домашни производи

Државата да почне активна кампања за купување домашни производи, бара Стопанската комора на Македонија. Во услови на намалување на економската активност поради коронавирусот и прогнози на силни последици од затвореноста за домашната економија стопанствениците бараат Владата на ваков начин да го заштити домашното производство. Бранко Азески претседателот на најстарата и најзначајна комора во земјава вчера излезе со нов сет предлози и барања за намалување на ударот од болеста која засега има само несогледливи негативни удари за економијата. Ова е едно од барањата на бизнисмените кои стасале до Азески. Се бара и намалување на рокот на исплата на повратот на ДДВ, целосно раздолжување на државата кон компаниите.

Сашо Наумоски, директор за прилепска Витаминка минатата недела за Фактор изјави дека добро за сите да се увериме колку е важно домашното производство

„Колку се важни домашните македонски компании. Ние сме тука, и во добро и во лошо. Немаме друга земја да се грижиме за неа! Сите заедно тука, ја делиме истата судбина, се грижиме за нашите најблиски, за нашите роднини, вработени, соседи, сограѓани. На прв ваков проблем некои земји, чии  производи се застапени кај нас, ги затворија границите за брашно, масло, шеќер, лекови… без нималку грижа. Ние до крај ке се трудиме, да ги задржиме сите вработени, да не намалиме плати, да немаме пад на приходи, за да не дојдеме во ситуација да аплицираме за помош“, нагласи Наумоски за Фактор.

Од Министерството за економија за Фактор сепак велат дека  државата не смее да фаворизира домашни или странски производи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *