• Fri. May 17th, 2024

Стартни 80 илјади денари по стоматолошка ординација и преговори со ФЗО бараат стоматолозите од Македонија.

Тие викендов имаа собрание на здружението на приватни стоматолошки установи во Кавадарци, од каде на прес конференција беа упатени барањата. Сметаат дека покачувањето на капитациониот бод нема никакво значење. Поради тоа се држат до барањата кои се дел од нивната платформа.

„ Ние по платформата се трудиме да добиеме нов финансов модел, да дојде до покачување на вкупните финансиски средства во стоматологијата, од некаде 599 милиони на 1 милијарда и 400 милиони денари,  со што би се остварила  една битна одредба од платформа,  а тоа е секоја приватна установа да добие стартни 80 илјади денари,  а понатаму скалесто во зависност од трудот и опремата кои ги имаат  колегите да добијат и повеќе пари“, децидни се стоматолозите.

Тие велат дека досега Фондот од ним познати причини ги игнорира и по испратените повеќе писмени дописи неги препраќал  тоа да го направат преку овластената стоматолошка комора. Ние сметаме дека нашата платформа која е плод на една длабока анализа и во која се инкорпорирани барањата  на колегите од цела Македонија,   треба и ние како здружение да бидеме легитимен претставник и да добиеме преговарачко место на преговарачката маса со Фондот. Немаме ништо против тоа да го прави и нашата стоматолошка комора и доколку тимот  кој е преговарачки доколку има исти разбирања и сфаќања како и нас,  тогаш сме на добар пат заеднички да ги оствариме нашите интереси“ нагласи претседателот на Здружението на приватни стоматолошки установи. Тој апелираше до институциите да не им даваат партиска боја на стоматолозите кои се дел од здружението, бидејќи единствената нивна боја е белата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *