• Thu. May 16th, 2024

Ставров: Социјалните мрежи продаваат магла, а зависноста кај младите постојано расте

ByЃ. K.

Jul 21, 2023

Зависноста од социјалните мрежи кај младите по одреден период преминува во анксиозност, секој сака да биде како некој од инфлуенсерите што ги следи“, вели психологот Сања Ставров.

„Социјалните мрежи станаа неизбежен дел од нашите животи, реалност која колку и да ни ја олеснува комуникацијата, ни помага да останеме во контакт со пријателите, семејството и да споделуваме информации има и темна страна, а тоа е лажната реалност која секојдневно ја прикажуваме“, вели психологот Сања Ставров.

„Зависноста од социјални мрежи го одвлекува вниманието и го отежнува процесот на младите да се концентрираат на секојдневните активности, што често резултира со одложени обврски и намалена продуктивност, проследено и со незадоволство од изгубеното време“, додава Ставров.

Прилог на Дејан Трендов

By Ѓ. K.