• Fri. May 17th, 2024

ССМ: Штрајкот на просветните работници треба да резултира со почитување на договорот

ССМ: Штрајкот на просветните работници треба да резултира со почитување на договорот

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Дарко Димовски се осврна на генералниот штрајк на СОНК во образованието и за преговорите со Владата кои ги води Јаким Неделков и раководството на СОНК при КСС за повисоки плати на просветните работници и персоналот во детските градинки.

-Синдикатите се актуелни на медиумската сцена, но има и причина за тоа, причината се кризите што се случуваат, а највеќе не погоди оваа воена криза. Навистина во овој момент треба да се помогне на работниците за да ја пребродат оваа хиперинфлација што ни се случува и недостатокот на прехранбени продукти. Секој има право да го оствари штрајкот но мора да кажам – штрајкот не е авантура, она што ќе го ветиш пред работниците како прв синдикалец, без разлика на која гранка припаѓаш треба да го исполниш. Тоа ветување да го базираш врз основа на закони, колективни договори и кога ќе го поведеш членството во штрајк да останеш доследен синдикален лидер и да не се пазариш, туку доследно да ги применуваш законите и колективните договори, односно одредбите кои се пропишани во нив, изјави во Утрински брифинг Дарко Димовски, претседател на ССМ.

ССМ, како што информираше Димовски од денеска бара средба со владата и со вицепремиерот Фатмир Битиќи кој е назначен за преговори со групата за општиот колективен договор за јавниот сектор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *