• Sun. May 19th, 2024

ССМ: Да не се уназадуваат и кратат работничките права за недела неработен ден

ByВане Трајков

May 29, 2022

Сојузот на синдикати е загрижен поради, како што велат, информациите дека група на пратеници и министерот за Економија Бектеши подготвуваат измени во законите со кои ќе уназадат и скратат работничките права кои се однесуваат на недела неработен ден.

Во реакцијата на ССМ се вели дека со самото тоа што најавените предлог закони се веќе доставени во Собранието, без социјален дијалог, се потценуваат работниците во целина, што е недозволиво.

„Загрижени сме поради информациите дека групи на пратеници и министерот за економија Бектеши, изготвувале предлог текстови на Законот за работните односи и Законот за трговија со кои планираат да се уназадуваат и кратат работнички права во поглед да се озаконуваат незаконитостите, наспроти очекувањата на работниците и ССМ за доследно да се почитуваат Законот за трговија и Законот за работните односи во делот на законските измени за недела – неработен ден односно ден за неделен одмор и да не се озаконуваат незаконитостите“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *