• Sat. May 18th, 2024

ССК од Владата бара итни нови сет мерки за спас на економијата

По само неколку дена од формирање на новата влада, Сојузот на стопански комори денес организираше  официјална средба со претседателот на Владата и економскиот тим, на која претседателот на комората, Даниела Арсовска ги кажа приоритетите кои треба да веднаш да почнат да се реализираат за справување од кризата и секако економско закрепнување. Арсовска од премиерот Заев побара  директна финансиска помош за претпријатијата кои се во тешка состојба и се борат да ја одржат ликвидноста.

„Во следниве неколку месеци приоритет е директната таргетирана финансиска помош, која  е неопходна за опстојување на фирмите и покривање на основните месечни трошоци. Секако тука спаѓа и одложувањето или репрограмирање на кредитите, аконтациите за даноци и другите финансиски оптоварувања минимум до крајот на годината, рече Арсовска.

Една од барањата на ССК беше и укинувањето на парафискалните, скриени давачки кои не ретко во вкупната сума ги надминуваат даночните обврски, а според  регистарот на ССК ги има повеќе од 145, се очекува да се скратат, со што во време на криза ќе биде дополнителна помош за претпријатијата.

Претседателот на Владата, Зоран Заев рече дека за малите и средни претпријатија државата е тука кога треба да се подаде рака и да биде најдобар сервис на граѓаните. Тој рече дека следните четири години приоритет на Владата ќе биде економијата и судството и за тоа ќе се залагаат до крајот на мандатот, бидејки предвремени избори нема да има.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *