• Fri. May 17th, 2024

Средношколци од СОУУД „Димитар Влахов“ на интернационален натпревар за роботика во Белград

ByЃ. K.

Nov 30, 2023

Средношколците од СОУУД „Димитар Влахов“ успешно се претставија на натпреварот за роботика и програмирање одржан во просториите на електротехничкиот факултет во Белград, Србија во период од 24-26 ноември.

На овој интернационален натпревар учество зедоа два тима од СОУУД „Димитар Влахов“, во состав на: Иван Гудев, Звонко Христоманов, Јован Манилов и Методи Качурков под менторство на наставниците: Соња Ташева, Зорица Масникоса – Поп Трајкова и Македонка Гуџирова Попова.

By Ѓ. K.