• Tue. May 21st, 2024

Средба во МОН за бојкотот на наставата

Средба во МОН за бојкотот на наставата 

Се помасовна станува поддршката на иницијаторите кои минатиот четврток покренаа бојкот на наставата во училиштата поради носењето на новиот закон за учебници во основно и средно образование, тврдат од фејсбук групата „Учебници и настава мора да има“.

Оваа група на социјалните мрежи повикува на бојкот на наставата, а за денеска во надлежното министерство е најавена средба на претставници од истата на која сепак нема да биде присутна и министерката Мила Царовска која поради други обврски ќе биде отсутна.

Огранизаторите на бојкотот на наставата бараат јавна расправа за законите кои се носат , а за предложениот закон бараат нивни претставници кои се стручни во областа да бидат вклучени во ревизијата и интервенирањето на спомнатиот закон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *