• Sat. May 18th, 2024

Спасовски во Женева се сретна со високиот комесар за бегалци на ОН, Филипо Гранди

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, за време на 73. редовна сесија на Извршниот комитет на Високиот комесар за бегалци на Обединетите нации во Женева, кадешто ја предводи делегацијата од МВР, се сретна со високиот комесар за бегалци Филипо Гранди.

На средбата беше даден детален осврт на реализираното во изминатиов период, имајќи го предвид партнерството со УНХЦР во обврските кои произлегуваат од Акцискиот план за миграциска политика на земјава, следење и усогласување со законодавството на ЕУ во областа на државјанството, подобрување на состојбите во областа на лица без државјанство, создавање  услови за олеснет пристап до документи за државјаните кои живеат во странство.

Министерот Спасовски упати благодарност до Високиот комесаријат и до претставничката на УНХЦР во Скопје, Моника Сандри, за континуираната соработка во делот на државјанството, статусот на бегалците, миграцијата, како и поддршката од Канцеларијата на УНХЦР во Скопје, со цел зголемување на капацитетот на Секторот за азил преку обуки и материјално-техничка поддршка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *