• Thu. May 16th, 2024

Со работењето на Лана се отвора можност и за вдомување куче како милениче

Со ставањето во функција на стационарот за бездомни кучиња се отвора можноста и за вдомување на кучињазгрижени во Лана.  Секој што ќе сака да вдоми милениче може слободно да ги контактираат во вработените во Лана  и да направат избор и бидат дел од лицата кои ќе дадат придонес во решавање на овој проблем. Впрочем ова го најави и првиот човек на општина Струмица Костадин Костадинов кој подвлече дека целата заедница треба да даде придонес во решавање на овој проблем.

Градоначалникот Костадинов смета дека проблемот со уличните кучиња во Струмица е резултат и на носење на кучиња од другите општини но е убеден дека состојбите ќе се нормализираат

Стационарот за бездомни кучиња се изгради со средства обезбедени од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, кој од фондови обезбеди и две возила за заловување. Моделот по кој ќе работи лана е заловување, сгрижување, стерилизација, вакцинирање и повторно враќање на локации од каде се заловени

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *