• Sun. May 12th, 2024

Со околу пола милион евра ќе се реновират двата гранични премини, Богородица и Дојран

????????????????????????????????????

До Крајот на 2023 гидина треба да се комплетираат сите инфраструктурни зафати кои се планирано во пректната единица.Именно, Имено, со договорот за започнување на Проектот што беше потпишан на 2 Април 2018 година, финансиран од Европска Унија и кофинансиран од Владата на Република Македонија во износ од 442.500,00 евра.
Инфраструктурните зафати ќе овозможат создавање на современи услови за давање на поквалитетни услуги на премините, што за економските оператори, превозниците и патниците ќе значи олеснување и забрзување на движењето на стоките, како и создавање на дополнителни услови за контрола и заштита на граѓаните.

Поддршката на Европската унија, како и на Владата на Република Македонија, преку реализацијата на овој проект ќе даде голем придонес во олеснувањето и забрзувањето на царинските и граничните постапки и подобрување на прекуграничната соработка. Надградбата на објектите ќе ја зголеми пропусната моќ на преминот за стокови пратки, ќе го намали времето потребно за вршење на граничните формалности и ќе ја подобри инфраструктурата за примена на современи средства за инспекција.
Царинската управа преку Проектот за користење на средства од Програмата ИПА за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција 2014-2020 година, ќе го имплементира наведоното.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *