• Mon. May 13th, 2024

Со дозвола од шумското стопанство „ Кожув“ од утре по шумски плодови на Кожув

Гевгелиската подружница на шумското стопанство „Кожуф“ денеска почна со издавањето дозволи за берење шумски плодови на падините на планината Кожуф, почнувајќи од 1 август.

-Со овие дозволи, кои чинат 400 денари од човек и важат за целата сезона на берба, сите граѓани кои сакаат ќе можат да берат печурки, малини, капини, боровинки и разновидни лековити билки што може да се најдат на планината Кожуф, велат од гевгелиската подружница и појаснуваат дека со поднесување на барањето за дозвола се приложува и лична карта.

Покрај ова, посочуваат дека лицата кои се заинтересирани да вршат откуп на шумски плодови ќе мора да се јават во дирекцијата на „Национални шуми“ во Скопје. Откако ќе склучат договор и ќе се верификуваат како откупни центри, ќе можат непречено да откупуваат шумски плодови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *