• Sat. May 18th, 2024

СОУ „Никола Карев“ Струмица започна соработка со асоцијацијата „АФОРПА“ – автомобилски сектор во Париз, Франција

ByЃ. K.

Dec 12, 2023

СОУ „Никола Карев“ Струмица ја започнува својата соработка со асоцијацијата „АФОРПА“, групација на пет центри за стручно образование – автомобилски сектор, во Париз, Република Франција.

Во својата тридневна посета (5-7 декември 2023 година), претставниците на „АФОРПА“ го посетија училиштето, а остварија и детални контакти со компании во Струмица со кои училиштето веќе соработува и со кои ќе соработува заеднички во обезбедување стручна пракса за нивните ученици во текот на март – април наредната година.

Оваа соработка се остварува благодарение на развиената мрежа на контакти преку реализираните проекти од програмата Еразмус+ и впечатокот што СОУ „Никола Карев“ Струмица го има оставено како училиште со визија и желба за напредок.

By Ѓ. K.