• Sun. May 19th, 2024

Сообраќајка на Валандовско брдо

Камион со струмички регистарски таблички утрово се преврте на Валандовско Брдо, при што e повреден возачот.

Според информациите од СВР Струмица, „сообраќајката“ се случила во 6.45 часот на патот од село Костурино кон Валандово во која учествувал камион мерцедес со струмички регистарски таблици.

Од засега непознати причини камионот се превртел на патот, а возачот се здобил со телесни повреди и е пренесен во Градската општа болница во Струмица. Сопатникот не побарал лекарска помош.

Во тек е увид на местото на несреќата со цел да се утврдат причините за несреќата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *