• Tue. May 21st, 2024

Сончево и многу топло, попладне пороен дожд и грмежи

ByЃ. K.

Aug 23, 2023

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец.

Од УХМР најавуваат дека попладне особено во планинските региони ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

Минималната темература ќе биде во интервал од 13 до 23 степени, а максималната ќе достигне 39 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, а попладне во делови од котлината со услови за појава на пороен дожд со грмежи.

Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе достигне до 38 степени.

By Ѓ. K.