• Sat. May 18th, 2024

Сончево и многу топло, максималната температура до 42 степени

ByЃ. K.

Jul 14, 2023

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 42 степена. УВ индексот ќе биде 10.

Во наредните денови под влијание на топол бран ќе се задржи многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. УВ индексот ќе има многу висока вредност 10, а утринските температури во Скопје и во јужните делови нема да се спуштаат под 20 степени. 

By Ѓ. K.