• Tue. May 14th, 2024

СОНК очекува денеска покана за преговори со Владата, вели Неделков

СОНК очекува денеска покана за преговори со Владата, вели Неделков.

Очекуваме денеска нова средба во Владата за каква сме целосно подготвени и преку конструктивни преговори да дојдеме до решение на прашањето за покачување на платите и штрајкот во образованието да биде прекинат, а наставата продолжена, изјави претседателот на СОНК Јаким Неделков. Тој вели дека до СОНК пристигнуваат пријави за отворени притисоци од страна на директорите врз наставниците за да отпочнат со настава. За секој поединечен случај прибираме докази и доколку пријавите бидат потврдени соодветно ќе реагираме, вели Неделков.  

На ова наше прашање синдикалниот лидер Неделков вели дека и до СОНК имало јавувања од наставници кои се пожалиле на директорите, но вели дека не му се верува оти министерот лично им се јавувал на директорите, со тоа ризикувајќи го угледот на функцијата. Поверојатно е дека имало јавувања до директорите од лица од Министерството за образование или пак од други структури, оценува Нелков.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *