• Fri. May 17th, 2024

Советот на општина Струмица ја одржа 26 седница, советниците расправаа и одлучуваа по 67 точки

ByЃ. K.

Aug 23, 2023

Денес, Советот на општина Струмица ја одржа својата 26 седница на која советниците расправаа и одлучуваа по 67 точки од дневниот ред.

По образложението поткрепено со бројки од страна на градоначалникот Костадин Костадинов, беше усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Струмица за вториот квартал од 2023 год.

Советниците едногласно ја усвоија предлог – одлуката за предефинирано мислење во врска со иницијативи за вршење на геолошки истражувања и експлоатација на металични минерални суровини во општина Струмица, а по оваа точка од дневниот ред свое позитивно мислење изрази и градоначалникот Костадинов, истакнувајќи дека неговиот став по тоа прашање е всушност составен дел од Стратегијата во делот на заштитата на животната средина на општина Струмица.

Беше донесена и одлука за утврдување Нацрт план за Генерален урбанистички план за град Струмица, Општина Струмица, со плански период 2023-2033, како и други значајни одлуки од областа на урбанизмот, образованието и работата на јавните претпријатија.

На седницата присуствуваа и претставници од граѓанскиот сектор.

By Ѓ. K.