• Thu. May 16th, 2024

Советот на Гевгелија го усвои Развојниот план за 2018

Развојниот план на општина Гевгелија за 2018 година, чиј предлагач беше градоначалникот Сашо Поцков, доби зелено светло од општинските советници кои беа информирани дека е составен од 26 развојни потпрограми поделени во осум програми.
Поцков посочи дека ќе продолжи реализацијата на веќе започнатите капитални проекти како новиот водоснабдителен систем, доизградба на нови 14 училници во СОУ „Јосиф Јосифовски“ регулација на дел од коритото на Сува река, пречистителната станица за фекална канализација во Гевгелија и довршување на примарната и секундарната сообраќајна мрежа во мултинаменскиот комплекс „Милци“.

Развојниот план на општина Гевгелија за 2018 година исто така предвидува отворање на мултимедијален културен центар, стационар за бездомни животни,довршување на заобиколниот пат околу Гевгелија и доизградба на спортско-рекреативниот комплекс со базен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *