• Sun. May 12th, 2024

Скрининг на ученици во Дојран и Конче

ByВане Трајков

Oct 20, 2021

Скринингот на учениците од денеска , 20 октомври ќе се спровеудва, во девет средни училишта во Скопје. и се планира да се тестираат 258 средношколци, а низ државата продолжува во Кривогаштани, Берово, Вевчани, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Конче, Лозово, Могила, Новаци, Пехчево, Старо Нагоричане и Центар Жупа, соопшти министерството за здравство

Тестирањето на учениците ќе се спроведува во просторија одредена од училиштето, а тестирањето ќе трае помалку од една минута. Истото е безболно и безбедно, со земање брис од грло и од носна шуплина.

Целта на скринингот е рано детектирање и евентуално пронаоѓање на асимптоматски носители на вирусот Ковид-19 меѓу учениците. Со релевантните податоци ќе се добие целосна слика на трансмисија на вирусот во училиштата, во интерес на децата.

Министерството за здравство апелира на безрезервна поддршка од страна на родителите при давање на потребната согласност. Скринигот ќе обезбеди безбедно одвивање на наставата и заштита на здравјето на децата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *