• Wed. May 15th, 2024

Скопје одбележува 56 години од катастрофалниот земјотрес

Денеска Скопје одбележува 56 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, во кој 1.070 луѓе го загубија животот, а 3.000 беа повредени. За таа цел, официјални делегации и претставници на институции денеска ќе положат цвеќе на Споменикот на жртвите од земјотресот на градските гробишта во Бутел, а на повеќе места во градот ќе се организираат хуманитарни акции и работилници.

Катастрофалниот земјотрес се случи на 26 јули 1963 година во пет часот и 17 минити, а помали потреси имаше до пет часот и 43 минути. Скопскиот земјотрес се почувствува на простор од околу 50.000 квадратни километри. Од потресот беа урнати 15.800 станови, а оштетени беа 28.000. Над 200.000 луѓе остана без покрив над глава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *