• Fri. May 24th, 2024

Скандинавските земји од февруари ги укинуваат мерките

Шведска најави дека повеќето или сите епидемиолошки мерки може да бидат укинати на 9 февруари. Данска ја донесе таа одлука, но Норвежаните отидоа чекор понатаму.

Иако Шведска со недели бележи рекорден број на инфекции со коронавирус речиси секојдневно, бројот на пациенти на интензивна нега и бројот на смртни случаи од Ковид-19 се стабилни и релативно низок, па се очекува Шведска да ги следи стапките на своите скандинавски соседи.

Данската премиерка Мета Фредриксен во средата објави дека нејзината земја ќе ги укине сите епидемиолошки мерки на 1 февруари, и покрај тоа што бранот на инфекции со омикрон сè уште е во полн ек. Данска во вторникот имаше 46.000 заразени и највисока двонеделна инциденца на инфекција во Европа (8.851 на 100.000 жители).

Но Норвешка отиде чекор понатаму. Директорката на норвешкиот институт за јавно здравје, Камила Столтенберг, покрај најавите за олеснување на мерките и ограничувањата следната недела, проценува дека до летото околу четири милиони граѓани од вкупното население од 5,3 милиони ќе бидат заразени со коронавирус.

„ Во Норвешка имаме голем процент на жители кои неодамна примиле трета доза и затоа се добро заштитени од болести и хоспитализација. Подобро е да се заразиме во таква ситуација отколку подоцна, кога ефектот на вакцината малку ќе се намали“, изјави таа за норвешкиот дневен весник „Дагбладет“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *