• Thu. May 16th, 2024

Силниот ветар предизвика штети во Гевгелија

ByВане Трајков

Feb 12, 2021

Силниот ветар што синоќа ја зафати Гевгелија со брзина од 80 км на час сериозни штети. И тоа, откорна неколку дрвја во делови на градот кај: АД Водостопанство, ПЕ „Јужен Вардар“- Гевгелија, на улицата „Маршал Тито“ спроти Градската библиотека, во дворот на ЈОУ ДГ „Сончогледи“, во пределите кај Вардарски Рид и на туристичко-рекреативната зона „Динќут“ и делови од кровот на станбената зграда до Судот и ЈОУ ДГ „Цветови“- Гевгелија. Поради јачината на ветрот, без напојување со електрична енергија останаа фирмите што се наоѓаат кај индустриската зона „Блокотехна“. Екипите на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија, по извршениот увид на местата каде што ветрот предизвика штети, веќе се на терен и интервенираат за отстранување на паднатите дрвја. Додека, тимовите на ЕВН работат на остранување на дефектот за непречено снабдување со електрична енергија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *