• Fri. May 17th, 2024

СЗО препорачува тестирање во училиштата

СЗО препорачува тестирање во училиштата.

Треба да се направат ПЦР или антиген тестови во училиштата за да се избегне враќање на онлајн наставата во случај на нов бран на епидемија на коронавирус, препорача денес европскиот огранок на Светската здравствена организација (СЗО).

„Летните месеци им даваат можност на владите да воведат пакет мерки кои ќе придонесат за намалување на стапката на инфекција и избегнување на затворање на училиштата“, рече директорот на европскиот огранок на СЗО, Ханс Клуге.

Во заедничката изјава со УНЕСКО и УНИЦЕФ се оценувфа дека затворањето на училиштата „негативно влијае на образованието и социјалната и менталната благосостојба на децата и младите“.

Тестирањето во училиштата може да се препорача во случај на кластери во некои установи, но СЗО верува дека тестирањето може да се препорача дури и во отсуство на симптоми кај учениците и вработените.

„Не можеме да дозволиме на децата да им се ускратува образованието и развојот поради пандемијата“, рече Клуге.

СЗО смета дека затворањето на училиштата треба да биде последно средство и тоа само во случај на „експлозија на бројот на заразени лица или ако ширењето на инфекцијата не може да се контролира со некоја друга мерка“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *