• Sat. May 18th, 2024

СЗО ПРЕДЛАГА ДА ПОСКАПАТ ЦИГАРИТЕ – Кутија да чини 20 евра

ByЃ. K.

Aug 26, 2023

Светската здравствена организација смета дека цигарите треба да поскапат и една кутија да чини повеќе од 20 евра, пишува „Пословни дневник“.

Една кутија цигари во Германија моментално чини меѓу седум и десет евра, во зависност од видот. Според експертите, оваа сума е премала ако се земе предвид колку ја чини државата лекувањето на луѓето кои боледуваат од разни болести предизвикани од консумацијата на тутун.

Направена е конкретна пресметка која покажува дека една кутија цигари треба да чини 23 евра, што е неспоредливо помалку од цените што моментално ги плаќаат потрошувачите во Германија или во други земји.

Светската здравствена организација прецизираше и специфични трошоци кои се вклучени во овие цени, имено трошоците за лекување, посети на лекари и лекови, рехабилитација и нега и сите трошоци кои произлегуваат од губење или отсуство од работа на лице кое е болно.

– Пушењето ја чини германската држава 82 милијарди евра секоја година – објаснуваат експертите на СЗО, а третина од трошоците се предизвикани директно од консумацијата на цигари.

Оттаму сметаат дека со зголемување на цената би се намалиле трошоците за лекување, а со тоа и месечните придонеси за здравствено осигурување.

Според германските аналитичари, другите земји се далеку понапред во однос на цените. На пример, во Ирска една кутија цигари сега чини 15,6 евра. Тие, како што се наведува, се загрижени дека Германија не бележи напредок во областа на контролата на тутунот. Инаку, тоа не е само проблем со тутунот, бидејќи експертите предупредуваат дека е неопходно да се покачат цените на шеќерот и алкохолот. Во Германија веќе се разговара за данок на овие производи, но европските институции со години инсистираат на овие регулативи.

Извор: Вечер

By Ѓ. K.