• Mon. May 20th, 2024

Се формираат новите грипи на дечиња во детските градинки во Струмица.Уписите се во тек и за најмалите после 9 месеци

Формирањето на новите групи во детските градинки во Струмица е веќе започнато.Од раководството на ЈГДУ Детска Радост велат дека иако уписи има во текот на целата година , сепак поради ефективноста и навремената конструкција на групите уписите започнуваат во мај.

Нараната возраст за упис на дечињата во градинка останува 9 месеци кои не само што треба да имаат полни 9 месеци ќе мора при упис да приложат и уреден вакцинален картон.Директорот на градинката е дециден дека не само за бебињата уреден вакцинален картон ќе мора да имаат и останатите дечиња од поголемата возрасна група при упис во градинката.Особено кога станува збор за вакцинирање на МРП вакцината.Децата и во моментов не смеат да постуваат градинка доколку ги немаат примено сите вакцини.

Oд 300 до 600 евра е паричната казна за сите родители кои одбиваат да ги вакцинираат своите деца. Како што појаснуваат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, ако одбијат да ја платат казната за нив следува и прекршочна пријава.Поради компликации со морбили, досега починаа три деца, а во моментов во животнозагрозувачка состојба се неколку лица од кои деца до една се три, а останатите возрасни над 30 години и едно 16-годишно дете кое е поставено на апарати за дишење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *