• Tue. May 14th, 2024

Се укинува забраната за извоз на коскесто овошје во Русија

ByВане Трајков

May 25, 2019

од понеделник од Република Северна Македонија во Руската Федерација ќе можат да се извезуваат цреши, вишни, сливи, кајсии, праски и нектарини, соопшти МИнистерството за земјоделство.

Увозот на праски и нектарини во Русија  е одобрен, со гаранции од македонските надлежните фитосанитарни служби, дека истите потекнуваат од подрачја во кои е утврдено дека нема присуство на габата Monilinia fructicola (Winter) Honey.

Дополнително, секоја пратка од праска и нектарина наменета за рускиот пазар, која потекнува од незаразено подрачје, ќе биде пропратена со веродостојни лабораториски анализи издадени од македонската Државна фитосанитарна лабораторија со акредитирани методи за анализа на оваа габа.

Забраната за извоз на коскесто овошје во Русија, стапи на сила во август минатата година по потврденото присуство на штетниот организам Monilinia Fructicola во Република Северна Македонија. Сега оваа забрана се укинува по извршената инспекција од страна на руските федерални служби за фитосанитарен надзор, која се реализираше на крајот на април годинава. Инспекторите од руската федерална служба спроведоа детална контрола на функционирањето на целокупниот фитосанитарен систем.  Оваа одлука е од големо значење за македонските извозници и за зголемување на извозот на земјоделски производи во Русија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *