• Mon. May 20th, 2024

Се полнат капацитетите на инфективните одделенија во Струмица и Гевгелија

Не се добри прогнозите на лекарите за перодот што следува. Мешањето на сезонските респираторни болести со корона – вирусот може да предизвика сериозни проблеми во функционирањето на здравствените установи. Во моментов капацитетите на инфективните одделенија во Струмица и гевгелија се речиси полни, што е аларм за населението да ги почитува мерките и препораките на здртавсвтените власти.

Нагло покачување на бројот на заболени има и во Струмица и гевгелија, а причина е целосната опуштеност и непочитување на мерките. Во Струмица речиси секој ден има десетина новозаболени а во двата града расте бројот на инфицирани од младата популација.

Струмичката општа болница најави дека ќе го повлече инфектологот што беше позајмен во општата болница во Штип, а ќе се бара и специјалисти од околните градови за периодот што следува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *