• Thu. May 16th, 2024

Се подготвува план за отворање на градинките

 
Комисијата за заразни болести, разговарала за отворање на градинките, чие повторно отворање мора да го следи олабавувањето на мерките. Министерот за здравство, Венко Филипче, рече дека за нив ќе има посебен протокол за работа со оглед на тоа што постои ризик децата да бидат во трансмисија на коронавирусот.

Тој вели дека се разгледува како да се организира работата на градинките бидејќи, според него, тие мора да функционираат.

„Сè уште траат консултациите за што ќе стапиме во контакт со самите градинки за да се изработи посебен протокол. Свесни сме дека навистина е тешко и тоа е голем предизвик затоа што децата нормално дека се во ризик да бидат трансмисија на болеста. Многу тешко таму може да се одржуваат правилата. Сакаме да донесеме план кој ќе може да се спроведе. Градинките мора да бидат во функција кога сите ќе се вратат на работа, така што, дозволете, во наредните денови, кога ќе биде готов планот, да дадеме повеќе информации како и на кој начин градинките ќе почнат да работат“, рече Филипче.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *