• Sat. May 18th, 2024

Се отвора телефонска линија за психолошка поддршка на неколку групи граѓани поради коронавирусот

Клиниката за психијатрија започнува со телефонска психолошка поддршка на граѓани и ранливи групи поради коронавирусот, рече министерот Венко Филипче.

Телефонските линии ќе бидат наменети за поддршка на родители на деца на предучилишна и училишна возраст, на возрасни лица во самоизолација и на граѓаните во Дебар и Центар Жупа.

Од Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје соопштија дека телефонската психолошка поддршка почнува од утре, во периодот од девет до 16 часот. Психолошка поддршка за родители на деца на предучилишна и училишна возраст  ќе биде достапна на телефонскиот број  072 912 676,  за возрасни лица во самоизолација на телефонот 072 919 009, а за граѓаните на Дебар и на Центар Жупа, на бројот 070 241 807.

Од Универзитетската клиника за психијатрија истакнуваат дека пациентите закажани во „Мој термин“ за психолошко советување и психотерапија во закажаниот термин ќе бидат контактирани од страна на психолог и ќе се спроведуваат телефонски, со можност за видео врска на некоја од интернет мрежите (по договор).

Психолошка поддршка на хоспитализирани пациенти поради Ковид-19 ќе се обезбеди во соработка со ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *