• Sat. May 11th, 2024

Се намалува бројот на новосоздадени фирми, се зголемува на згаснати

ByВане Трајков

Jul 25, 2022

Во 2020 година биле регистрирани 5.141 новосоздадено претпријатие, што претставува 7,8 % од вкупно активните пазарно ориентирани претпријатија.

-Во однос на 2019 година, забележано е намалување на бројот на новосоздадените претпријатија за 6.0 %, и тоа најмногу во секторите Транспорт и складирање, Трговија, Преработувачка индустрија, како и Објекти за сместување и исхрана, објави Државниот завод за стаистика.

Најголемиот дел од новосоздадените претпријатија (77.6 %) припаѓаат на услужните дејности, во чии рамки најмногу се од секторот Трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (1 574), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (609) и Стручни, научни и технички дејности (553). 12.2 % од новосоздадените претпријатија припаѓаат на секторот Индустрија, а на секторот Градежништво 10.2 %.

Новосоздадените претпријатија вработиле 9. 867 лица, што претставува намалување за 23.7 % во однос на претходната година. Без вработени биле 20.6 % од новосоздадените претпријатија, 74.4 % вработиле 1-4 лица, додека 3.4 % вработиле од 5 до 9 лица.

Податоците за структурата на новосоздадените претпријатија според правната форма покажуваат дека најголемо учество имаат претпријатијата категоризирани во групата Друштва со ограничена одговорност и акционерски друштва (80.7 %).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *