• Sat. May 18th, 2024

Се запали автомобил кај Муртино, возачот се спасил на време

ByЃ. K.

Aug 1, 2023

Денес, (вторник) 01.08.2023 година во 09.30 часот, на патот помеѓу селата Муртино и Сачево, ТППЕ Струмица со 1 ПП возило и 3 пожарникари – спасители интервенираше на гасење на запалено патничко моторно возило.

Пожарот беше во разгорена фаза при што е спречено негово натамошно ширење.

Причинета е значителна материјална штета.

By Ѓ. K.