• Tue. May 14th, 2024

Сеуште се утврдуваат причините за пожарот во Глобал

ByВане Трајков

Jan 30, 2021

Обвинителството сеуште ги нема причините како настанал пожарот во ГТЦ Глобал во Струмица кој уништи повеќе трговски дуќани и тезги. Од таму велат дека интензивно се работи на случајот. Досега биле сослушани 15 тина лица кои можеле да дадат податоци за критичната ноќ.  Се вештачаат и ресиверите од видео надозорот на дел од објектите во Глобал , паралелно се вештачи и сета градежно техничка документација за објектот земена од општина Струмица но и Комуналец со реалната собтојба на објектот

,, Обвинителството ја одзеде целокупната гадежно техничка документација од општината во врска со ТЦ Глобал, по што се дадени наредби за вештачења кои се очекуваат да пристигнат. Пристигнати се податоци и документација која беше побарано од ЈПКД Комуналец Струмица, претпријатието кое стопанува со  тезгите – пазарот во внатрешниот дел на ТЦ Глобал,, кажаа од Јавното обвинителство

Според обивнителството 44 дуќани  магацини и 24 тезги се оштетени од пожарот. Висината ќе ја утврдува вешто лице. Паралелно субјектите кои претрпеа штети од Глобал  сами вршат проценка на штетите по утврдена методологија а доставуваат барања и до општинската комисија од каде велат дали и колку ќе добијат помош ќе одлучи владата

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *