• Fri. May 17th, 2024

СДСМ: Граѓаните да ги почитуваат препораките од институциите, следуваат мерки за помош на економијата

Секој граѓанин треба да продолжи да ги почитува мерките и препораките за да се спречи натамошно ширење на вирусот Ковид-19. Јавното здравје е, пред сè, и секоја индивудуа мора да преземе одговорност во негова заштита. Во полн капацитет работат сите институции, ангажирани се сите стручни лица. Се носат важни и храбри одлуки за справување со ширењето на вирусот, соопшти СДСМ.

Според партијата, паралелно со грижата за здравјето на граѓаните, Владата и инстутиците работат на тоа да заздрави економијата и за таа цел остварени се средби со стопанските комори и работодавците со гувернерот на Народната банка за да се утврдат сите инфомации за фискалните импликации врз бизнисот.

„Набргу Владата излегува со конкретни и реални мерки за директна помош на домашната економија, особено за оние сектори што се најпогодени. Во период кога државата, но и светот, се соочуваат со сериозна здравствена закана, важно е граѓаните да бидат целосно, навремено и точно информирани. Затоа, јавноста, граѓаните, да ги следат информациите на институциите, кои секојдневно по неколкупати информираат за состојбата со коронавирусот. Не смее и нема да се дозволи неодговорно пласирање лажни вести во борба за сензационализам и профитерство за сметка на здравјето на граѓаните“, се додава во соопштението.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *