• Mon. May 20th, 2024

СВР Струмица со пријави против 11 лица оти го прекршиле полицискиот час

ByВане Трајков

Apr 15, 2020

Синоќа година на подрачјето на СВР Струмица 11 граѓани, од кои 4 малолетни лица ја прекршиле наредбата од страна Владата на РСМ и Министерството за здравство на РСМ за време на епидемија, односно ги прекршиле предвидените забрани за движење во определен период. Притоа, 5 лица, меѓу кои двајца малолетници се затекнати на подрачјето на Полициска станица Струмица и шест лице, од кои двајца малолетници на подрачјето на Полициска станица Радовиш. Во просториите на Полициска станица Радовиш се приведени четири лица.
На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица се евидирани 4 нови лица со изјава за самоизолација, а вкупно се извршени 21 контрола над лица кои со решение од Државен здравствен и санитарен инспекторат се во домашна изолација и 126 контроли над лица кои се во самоизолација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *