• Sun. May 12th, 2024

СВР Струмица информира дека во Радовиш и Богданци учесници во сообракајот со мопед и мотоцикл повредени

Вчера во 13.40 часот било пријавено дека во Радовиш, на ул.„Даме Груев“ М.Т.(42) од с.Подареш, управувајќи мопед „гилера“, без регистарски ознаки, изгубил контрола над мопедот, удрил во паркирано патничко возило „рено“ и паднал на коловозот. Во незгодата М.Т. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Радовиш, информираше МВР

Од таму информриаат дека синоќа во 20.45 часот било пријавено дека во Богданци, на ул.„Страшо Пинџур“, С.Г.(33) од Богданци, управувајќи мотоцикл „лифан 50“, со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола над мотоциклот и паднал. Во незгодата С.Г. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Општата болница Гевгелија за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од ОВР Гевгелија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *