• Fri. May 17th, 2024

Сања Лукаревска не е веќе директорка на УЈП

Сања Лукаревска повеќе не е директорка на Управата за јавни приходи, додека Мартин Костовски повеќе не е прв човек на Службен весник. Тоа значи дека овие институции ќе добијат нови директори по одржаните предвремени парламентарни избори, пишува Фактор.

Лукаревска и Костовски станаа пратеници во македонското Собрание преку Изборната единица 2 како кандидати на СДСМ и коалицијата „Можеме“, која освои најголем број на мандати по изборите на 15 јули и во моментов најавува дека е блиску до повторно составување на владеачко мнозинство за нова Влада.

Вршител на должност директор на УЈП сега е Фарук Омери, а Лукаревска тврди дека времето ќе покаже дали ќе биде пратеник во Собранието или ќе стане владин функционер и ќе предводи одреден ресор доколку СДСМ повторно состави Влада.

– Во моментов повеќе не сум избран функционер од Владата затоа што сум пратеник во Собранието, а во иднина мојата партија и идниот премиер ќе одредат која функција ќе ја извршувам, изјави Лукаревска за „Фактор“ откако три години беше на чело на УЈП и беше дел од неколку проекти од фискалната политика.

На местото на Костовски во Службен весник како вршител на должност е назначена Татијана Лалчевска, која исто така беше кандидат за пратеник од листата на СДСМ во Изборната единица 6 но не успеа да влезе меѓу 120-те народни избраници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *