• Fri. May 17th, 2024

Санкционирани 81 возач за брзо возење во Југоистокот

ByВане Трајков

May 15, 2023

Вчера од 16:00 до 22:00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената.

Притоа, биле констатирани 81 пречекорувања на брзината, од кои 43 на подрачје на Радовиш, 18 на подрачје на Струмица, 12 на подрачје на Гевгелија и 8 на подрачје на Валандово.

Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.