• Mon. May 20th, 2024

Русија по бројот на заразени ја надмина Кина

Во Русија е регистриран рекорден број новозаболени од коронавирус, но и најголем број починати лица за еден ден во последните 24 часа.

Коронавирусот е евидентиран кај уште 6.411 лица, така што вкупниот број на заболени е 93.558. Починаа 72 лица за еден ден, а вкупниот број на жртви во Русија е 867, објави ТАСС, пренесе Макфакс.

Во понеделникот Русија по бројот на заразени лица ја надмина Кина, каде што вирусот првпат се појави во декември минатата година и стана деветта земја што е најпогодена од пандемијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *