• Sat. May 18th, 2024

Ролинг 08 го продуцираше вториот репрезентативец, мета на повеке евроклубови

11222959_889257767777207_3022401212927153678_nМакедонската кошаркарска репрезентација до 14 години предводена од струмичанецот Никола Христов деновиве учествува на мегународниот турнир во Словен градец Словенија кој преставува неофицијално европско првенство за кошаркари до 14 години каде учествуаат 10 тина млади селекции од Европа. Младата селекција на Македонија досега силите ги одмери со домакините но и со Хрватска и Полска, каде струмиченцот Христов е еден од играчите со најголема минутажа на теренот и во просек по 10 тина постигнати поени по натпревар, го привлекол вниманието на многу кошаркарски работници. Имено Христов е играч на ,,Ролинг 08,, од Струмица – роден е 2001 година и со само три години работа успеа да го облече националниот дрес на Македонија и тој преставува една од надежите на мак кошарката бидејки како играч на ,,Ролинг 08,, лани во речиси секој натпревар постигнуваше по 40 поени. Со неговито ангажман во Ролинг 08 но и со настапот во младинската селекција 14 годишниот Христов стана мета на повеке младински погони од европа слично како што беше со Кирил Панов, кој сега игра во Шопанија. За Ролинг 08 ова е дополнитена сатисфкација бидејки по 7 години работа, го продуцираше и вториот репрезентативец за кого веќе на големо се зборува….

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *