• Sun. May 12th, 2024

Роденден поважен од шеќерната болест на 4-годишната Бисера

ByЃ. K.

Jul 18, 2023

Роденденска забава поважна од проблемите со кои се соочуваат децата болни од дијабетес. Социјалните мрежи вријат од коментари, откако екипата на Алфа ТВ снимала прилог за проблемите со кои се соочуваат децата болни од шеќер во Македонија.

Мајката чие дете требало да го прослави роденденот во летниковец на јавен простор, во Градскиот парк во Скопје, без грам чувство и емпатија, ги избрка новинарката и родителите во обид да снимат сторија за болната Бисера.

Додека таткото на малата Бисера објаснувал со кои предизвици се соочуваат децата болни од дијабет, друг родител буквално ги избркал од летниковецот во кој снимале. Летниковецот, кој е урбана опрема во јавен простор и е слободен за користење за сите граѓани, според мајката, наводно бил резервиран за роденденска забава и побарала сите да си заминат.

– Извинете госпоѓо, знаете ли за што е ова интервју?, праша новинарката.-Не ме интересира. Си славам роденден за детето затоа што му е еднаш во годината, одговори мајката.

– Да му е среќен роденденот и навистина да се засрамите затоа што слушате за тоа што зборуваме и немате обзир, кажа новинарката.

–Немам потреба да се срамам. Преку глава ми е од се, возврати мајката.

– Нека му е среќен роденденот на синот, а ние ќе снимаме на друго место, заврши новинарката.

Со расплакано дете, од летниковецот под сенка, телевизиската екипа и родителите заедно со малата Бисера, се преместиле на друго место на пеколните темепратури.

Живот со дијабетес на 4 годишно дете во Македонија воопшто не е лесен. Потребно е постојано мерење на шеќерот, откажување од слатки задоволства, а секоја емоција, и среќа и тага може да резултира со покачување на шеќерот во крвта, велат родителите на Бисера.

– Во моментов имаме голем недостаток на инсулин, на ленти, на глукомери за мерење, на игли, вели мајката Ангела Младеновска, за Алфа ТВ.

Секое дете се плаши од игли, децата со дијабетес најмногу бидејќи треба да се боцкаат на секој час и половина. Спас им се сензорите. Еден сензор чини околу 65 евра и трае 14 дена. А родителите, оние кои можат, ги набавуваат од странство. Министерството за здравство нема одговор кога ќе го релизира ветувањето дадено пред околу две години. И додека на летноковецот децата со сласт ќе јадат роденденска торта, малата Бисера не смее да проба ниту едно парче.

Извор: Алфа ТВ

By Ѓ. K.